Собранието на акционери на РЖ Техничка контрола донесе одлука за распределување на добивката за 2016 година.
“Нето добивката во износ од 16.022.662 денари по годишна сметка за 2016 година се распределува за набавка на основни средства“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
Исто така, донесена е и одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.
“Се одобрува исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка на компанијата до 31.12.2008 година, во вкупен бруто износ од 9.462.250 денари. Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 50 денари“, стои во одлуката.
Датум на евиденција според којшто ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 19.05.2017 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 16-ти мај, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 17-ти мај оваа година.
Дивидендата, како што се наведува, ќе се исплати во законски предвидениот рок, најдоцна до 30-ти септември.