Фото: Starbucks
Американскиот ланец на кафетерии, Starbucks во Чикаго во 2019 година ќе го отвори својот најголем ресторан во светот. Во новиот Starbucks посетителите, освен што ќе можат да уживаат во пијалаците, исто така ќе може да го следат процесот на произведување на кафе. Овој ресторан на четири ката ќе се простира на површина од 4.000 метри квадратни, пишува Arch Daily.
Од Starbucks велат дека со отворањето на објектот по концептот Roastery (нов концепт на Starbucks со кој сакаат концептот кафе да го подигнат на повисоко ниво), ќе нуди поинаков амбиент наменет за љубителите на кафето кои ќе можат да видат како се пржи, вари и послужува.
“Со оглед на тоа дека нашата прва кафетерија ја отворивме во Чикаго пред 30 години и беше наш прв објект надвор од Сиетл, ова е посебен град за мене. Во тоа време, тоа беше вистински тест за Starbucks, со оглед на тоа што љубителите на кафето од Чикаго се многу детални и аналитични“, вели извршниот претседател на Starbucks, Хауард Шулц.
Покрај Чикаго, компанијата планира да отвори објекти од типот Roastery и во Њујорк (2018 година), Шангај (2017 година), Милано (2018 година) и Токио (2018 година).