Жито Полог, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа загуба од 2.532.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првото тримесечје од минатата година, загубата на Жито Полог беше 1.984.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март годинава, достигнаа 92.736.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 91.385.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 1.351.000 денари.
Основна дејност на Жито Полог е производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Компанијата поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.