Фото: Youtube
Јапонскиот производител на оптички инструменти и леќи, Nikon создаде иновативна кампања за проверка на видот на луѓето, пишува Adweek.
Француската маркетинг агенција Altmann + Pacreau го создаде таканаречениот Vision food truck. Станува збор за камион за храна во којшто менито е направено во форма на тест за вид, па купувачите може да го нарачаат само тоа што ќе можат да го прочитаат.