Макпетрол првото тримесечје го заврши со добивка од 43 милиони денари

48

makpetrol

Нафтената компанија Макпетрол во првиот квартал оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 43.022.000 денари, покажуваат податоците од неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Добивка од 44.201.000 денари прикажа Макпетрол во истиот период лани.

Вкупните приходи од продажба на компанијата заклучно со 31-ви март годинава изнесуваа 3.974.084.000 денари. Поголемиот дел од 3.814.505.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 159.579.000 денари е реализиран во странство.

Како основни причини за прикажаната добивка, според Образложението на значајните промени во финансискиот резултат, се: продажбата на енергенси во малопродажба, трендот на пораст на прометот на малопродажните објекти, зголемување на приходите од продажба на странски пазар за 51% и намалување на расходи од камати во однос на истиот период од минатата година за 29%.