Фото: Apple
Технолошкиот гигант Apple објави дека ќе инвестира 200 милиони долари во компанијата за производство на стакло и керамика Corning Incorporated, како дел од посветеноста на компанијата да ја поттикне иновацијата меѓу американските производители.
Двете компании соработуваат од 2007 година кога Apple побара од Corning да создаде цврсто и отпорно стакло. Тогаш се создаде Gorilla Glas којшто стана стандард за речиси секој паметен телефон.
“Corning е одличен пример за добавувач што продолжи со иновациите и компанијата е долгогодишен добавувач на Apple. Партнерството започна пред 10 години со iPhone и денес секој клиент што купува iPhone или iPad било каде во светот, допира стакло што е развиено во Америка“, вели оперативниот директор на Apple, Џеф Вилиамс.
Apple издвои милијарда долари за поттикнување на иновации, развој и производство на американско тло.