Жито Лукс првиот квартал го заокружи со добивка од три милиони денари

38

zito-luks

Жито Лукс во првиот квартал од оваа година евидентираше добивка од 3.038.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа загуба во висина од 2.336.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март 2017 година, достигнаа 254.513.000 денари. На домашен пазар реализацијата беше на ниво од 244.322.000 денари, додека преку извоз се прокнижени 10.191.000 денари.

Основна дејност на Жито Лукс е производство и продажба на леб, брашно и печива.