Компанијата Уготур, во периодот од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.866.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период претходната година, компанијата прикажа загуба од 714.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје достигнаа 8.411.000 денари, додека една година пред тоа беа на ниво од 4.923.000 денари.
Основна дејност на Уготур е приготвување, дистрибуирање и послужување на готови производи од областа на организираната исхрана на работници.