Фото: Facebook
Романскиот старт – ап Aliens by Daria го разви гласовниот асистент за деца Woogie, пишува Romania Insider.
“Верувам дека технологијата треба да биде дел од љубопитната природа на нашите деца. Од таа причина го создадовме Woogie – гласовен асистент со вештачка интелигенција за деца над шестгодишна возраст, којшто љубопитноста ја претвора во активно учење. Woogie овозможува разговор со децата, нуди интерактивни игри и учење, како и поттикнување на нивните интереси и хобија“, велат креаторите на Woogie.
Овој уред дава одговор на сите прашања што ги имаат децата, а преку интерактивни игри им го олеснува учењето. Исто така, Woogie има опција за паметно контролирање, аларм, музика прилагодена на возраста на децата, како и аудио книги.
Aliens by Daria е основан од Богдан Коман и Виктор Драмба, кои работат со тим од осум луѓе во Лондон и Букурешт.
Овој романски старт – ап го претстави својот иновативен производ на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што има цел да собере 75.000 долари поддршка.