Сингапур доби “вендинг машина“ за луксузни автомобили

53

autobahn-motors-facebook

Фото: Facebook

Сингапур ја доби првата “вендинг машина“ за луксузни автомобили. Компанијата Autobahn Motors, којашто се занимава со продажба на половни возила, стои зад овој иновативен начин на продавање автомобили од луксузни брендови, пишува Tech Crunch.

Објектот има капацитет од 60 возила, по четири на 15 нивоа, а купувачите може да направат избор меѓу: Ferrari, Bentley, Lamborghini, Porsche…

Од компанијата сметаат дека воведуваат иновативен начин на продажба на автомобили, а од друга страна заштедуваат простор за паркирање и изложување на автомобилите. Исто така, купувачот преку апликација може да го плати автомобилот што му се допаѓа и во рок од две минути да го добие од оваа “вендинг машина“.