Volkswagen формира заедничка компанија со кинеската Jac Motor

39

vw

Фото: Volkswagen

Германската компанија Volkswagen AG (VW) и кинеската компанија Anhui Jianghuai Automobile Group (JAC Motor) добија дозвола од кинеските власти да формираат заедничка компанија за производство на електрични возила, пишува Reuters.

Националната комисија за развој и реформи на Кина даде зелено светло JAC и VW да произведуваат 100.000 електрични возила годишно во проект вреден 740 милиони долари.

Volkswagen во Кина веќе има формирано заеднички компании со FAW Group Corp и SAIC Motor Corp Ltd.

Компанијата претходно соопшти дека има за цел да продаде 400.000 електрични возила во Кина до 2020 година.