Скопски пазар со добивка од 2,1 милиони денари во првиот квартал

67

skopski-pazar

Скопски пазар, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.129.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари добивка во висина од 5.500.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март оваа година, изнесуваат 142.365.000 денари, а истиот период претходната година имаа вредност од 179.084.000 денари.

Скопски Пазар АД Скопје е компанија што се занимава со трговија. Компанијата поседува четири супермаркети кои го носат бренд името СП Маркет, 11 дисконти познати како Макси Д, две продавници за мебел, салон за убавина, и специјализирана продавница за текстил која го промовира Словенскиот бренд Одеја. Исто така, компанијата е активна и во секторот со недвижен имот, врши изнајмување на простор, менаџира со 14 пазари за зеленчук и овошје и еден пазар за добиток. Компанијата поседува еден царински терминал, складиште и два ресторани.