Beeping – словенечка платформа за нарачување професионално чистење

41

18199015_1304296973017372_2350116745147434949_n-1

Фото: Facebook

Beeping е словенечка дигитална платформа за нарачување професионално чистење на домот. Платформата на корисниците им нуди едноставно нарачување на претходно проверени професионални чистачи, кои ќе се погрижат за хигиената на нивниот дом.

Преку Beeping, корисникот може да одбере во кој термин му одговара да го закаже чистењето, по што добива потврден одговор за одбраното време и можност за онлајн плаќање.

Цените на услугите зависат од квадратурата на просторот, а освен предвидените, корисникот може да избере и некои дополнителни услуги од типот: чистење на внатрешноста на фрижидерот, на шпоретот, на кујнските елементи со приборот за јадење и бришење на прозорците. Корисниците може да бидат безгрижни за нивниот имот додека се чисти, бидејќи во текот на чистењето истиот е осигуран во висина од околу 100.000 евра.

Beeping не само што нуди услуги, туку и дава можност за ангажирање на оние кои сакаат да чистат. Услугите на Beeping се достапни во Словенија и Хрватска.

Зад овој старт – ап стојат Давид Мохар и Јан Добриловиќ од Словенија.