Ланската добивка на Грозд за нова линија за безалкохолни пијалаци и флаширана вода

40

grozd-strumica

Собранието на акционери на Грозд од Струмица донесе одлука за распределба на добивката за 2016 година.

“АД Грозд од Струмица оствари добивка во износ од 40.143.868 денари при што за данок од добивка и на непризнаени расходи се издвоени 95.305 денари“, стои во одлуката.

Дел од нето добивката од 40.048.563 денари, како што се наведува, се распоредува за инвестиции во основни средства, нова линија за безалкохолни пијалаци и флаширана вода.