Пороен дожд и ветер

36

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од југоисточен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни па се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен особено во западните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд особено во втората половина од денот. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во среда преку денот ќе има сончеви периоди, меѓутоа и ќе биде нестабилно, што значи локално ќе има и пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на град.