Фото: Facebook
Спортскиот бренд Asics се грижи корисниците да имаат удобни патики во коишто ќе може да ги извршуваат активностите во кои уживаат. Asics со помош на маркетинг агенцијата Neogama од Бразил создаде креативен начин како да им помогне на луѓето да си одберат соодветен пар патики, пишува Adweek.
Станува збор за рекламен материјал со специјална боја на којашто корисникот треба да згазне со своите стапала. Преку топлината на телото, на флаерот останува отпечаток на телото, којшто може да се спореди со типовите на ѓонови што ги нуди брендот. На тој начин, корисникот многу полесно ќе го избере моделот на патики што најмногу му одговара.