Компанијата Еликософт победник на МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија

52

elikosoft1

Во текот на вчерашниот ден, во Скопје се одржа доделување на МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија. Во категоријата приватен сектор, со своето решение ПТСПИ, победник е kомпанијата Еликософт, стои во соопштението.

Наградената апликација – Пресметка на трошоци и следење проекти во изведба (ПТСПИ) претставува најсовремена веб апликација за потребите на компаниите коишто се дел од градежниот сектор.

Тимот на Еликософт, спроведувајќи анализа на пазарот и соочувајќи се секојдневно со потребата од софтверска алатка за следење на работењето во градежништво, пред извесно време започна со процес на изработка и дизајн на оваа иновативна и уникатна web апликација.

Пресметка на трошоци и следење на објекти во изведба (ПТСПИ) е единствена на пазарот од овој вид за задоволување на потребите, пред се, на градежните компании.

Пакетот, генерално може да се подели на четири логички целини:

  • Пресметка на трошоци за објект
  • Следење на објект
  • Подизведувачи
  • Контрола на потрошени материјали.

Оваа апликација нуди заштеда на време, финансии, прецизно планирање на сите активности и контрола на целиот процес во работењето, намалување на повторен внес на податоци, контрола на внесените податоци и систем на нотификација – потсетници за одредени активности. Централизираност во работата, следење на цел процес од тендери, доставување на понуда, верзионирање на понуди, евиденција на договори, електронско досие за секој проект, порачки за проекти, распоредување на трошоци по групи на ресурси (машини, материјали и работна рака), внес на калкулации, изработка на градежни книги и ситуации за инвеститор и подизведувач, менаџерски извештаи и сл.

Потребите на новото време доведуваат до неопходност работите да може да се вршат од различни локации и корисниците да не бидат обврзани тоа да го прават од своето работно место. ПТСПИ токму тоа го овозможува преку својата веб интегрирана база. На корисниците им се овозможува пристап и работа со податоците од базата од било која локација на која има интернет.

Тоа не значи дека секој човек може да пристапи и да ги користи податоците, туку само оние кои се дел од тимот и имаат свои кориснички сметки. ПТСПИ има современ систем за најава и заштита на внесените податоци да не дојдат до трети лица.

Целокупното решение е одлична алатка за контролирање и водење на целиот процес при што се запазени законите и со тоа се заштитуваат компаниите и нивните вработени од ненамерни грешки и несакани последици кон самите нив. Она што е голема предност на оваа апликација е што може постојано да се надградува врз основа на потребите на корисниците, како и законските регулативи. Компаниите добиваат на време, а на вработените им се олеснува работата.

Наградената апликација, ќе биде номинирана на Global ICT Excellence Awards 2017 во организација на WITSA што ќе се одржи во септември оваа година, во Тајван.