SoftBank купи две компании за роботика од Alphabet

64

boston

Фото: Boston Dynamics

Телекомуникациската и технолошка компанија SoftBank, којашто го произведе хуманоидниот робот Pepper, ги презема двете компании за роботика Boston Dynamics и Schaft од компанијата Alphabet во чија сопственост е Google, пишува Techcrunch.

“Денес постојат многу прашања што не можеме да ги решиме со човечки способности. Паметните роботи ќе бидат клучен двигател во информатичката револуција“, вели јапонскиот милијардер Масајоши Сон, претседател на SoftBank.

Boston Dynamics позната по роботите Atlas и Big Dog не успеа да ги комерцијализира неговите иновации и беше ставена на продажба.

“Со нетрпение очекуваме да работиме со SoftBank и да им помогнеме во поместување на границите на она што роботите може да направат и да се создадат корисни апликации во попаметен и поврзан свет“, вели основачот на Boston Dynamics, Марк Раиберт.