Фото: Facebook
Извршниот директор на автомобилската компанија Opel, Карл Томас Нојман поднесе оставка, а на негово место ќе дојде финансискиот директор на компанијата Мајкл Лохшелер, пишува Motortrend.
Нојман ќе остане во управниот одбор додека PSA Group не заврши со процесот на купување на Opel. Во март годинава General Motors објави дека ќе ги продаде брендовите Opel Vauxhall на францускиот производите на автомобили PSA Group.
Нојман соопшти дека ова за него било тешка и лична одлука.
“Горд сум на тимот и сè што постигнавме. Немам сомнежи дека Opel/Vauxhall како дел од PSA ќе биде посилна и поуспешна компанија во иднина“, вели Нојман.
Тој ја водеше европската подружница на американската компанија General Motors од 2013 година. Мајкл Лохшелер е во управата на Opel од септември 2012 година и има стекнато големо искуство во автомобилската индустрија претходно работејќи за Daimler и Volkswagen.