Фото: Pixabay
Виртуелната реалност во медицината сè уште се тестира, но првите резултати покажуваат дека им помага на пациентите. Пациентите, кои додека се на стоматолог, се на виртуелна прошетка на плажа речиси не чувствуваат болка.
Во студија објавена во магазинот Environment & Behaviour, тим научници од Универзитетите Plymouth, Exeter и Birmingham истражувале колку користењето на виртуелна реалност може да им помогне на пациентите за време на стоматолошките операции, пишува Science Daily.
“Нашето истражување покажа дека употребата на оваа технологија може да им помогне на пациентите. Употребата на виртуелна реалност во медицината е во пораст, но потребни се повеќе примероци за да имаме прецизни докази и да го подобриме искуството на пациентите“, вели раководителот на тимот, Карин Танја Дијкстра.
Пациентите, кои се согласиле да учествуваат во истражувањето, шетале по виртуелен град и плажа. Научниците откриле дека пациентите кои виртуелно шетале по плажа имаат намалено ниво на стрес и болка.