Фото: Pixabay
Сладоледот е вистинско освежување, особено во текот на летните денови. Вљубениците во овој замрзнат десерт уживаат во најразлични вкусови, како што се: чоколадо, ванила, јагода… Но, германски специјалисти за сладолед во својата понуда имаат и малку поразлични вкусови, како што е сладолед од краставица и нане или цвекло, пишува Frankfurter neue presse.
Слаткарницата Oak & Ice во Берлин на своите гости им нуди различни вкусови на сладолед, а најнеобичниот е од цвекло. Kontor Eismanufaktur е слаткарница само неколку улички оддалечена од Oak & Ice и е препознатлива по сладоледот од краставица и нане.
Организаторите на саемот за сладолед Gelatissimo International, којшто треба да се одржи следната година во Штудгард, велат дека во иднина може да се очекуваат повеќе видови на сладоледи направени од зеленчук.