Наградени најдобрите хрватски извозници

54

izvoz

Фото: Pixabay

На 12-тата конвенција на хрватските извозници, беа поделени наградите Златен клуч за 2016 година. За најиновативен извозник е прогласена компанијата Rimac Automobili, најдобар микро и мал извозник е компанијата MCZ, најдобар среден извозник е Solvis, а најголем хрватски извозник е фармацевтската компанија Плива.

Хрватските извозници претставуваат 17% од сите фирми во Хрватска и вработуваат повеќе од половина вработени. Претседателот на хрватските извозници, Даринко Баго, истакна дека извозот на стоки и услуги од Хрватска континуирано бележи дефицит и се движи на ниво од околу седум милијарди евра. Но, и покрај тоа, бројот на компании во Хрватска континуирано расте (вкупно се околу 114.000), како и бројот на извозници. Микро претпријатијата минатата година оствариле добивка од 40,4 милиони евра, пишува Јутарњи лист.

За најдобар извозник во Србија е прогласена компанијата Vetropack Straža tvornica stakla, во Босна и Херцеговина е Подравка, а во Словенија AD Plastik.

Конференцијата ја организираше здружението на Хрватски извозници, под покровителство на хрватската влада.