Фото: Mytaxi
Mytaxi, електронска апликација за користење на такси превоз во сопственост на германскиот производител на автомобили Daimler, влезе на романскиот пазар по купувањето на локалната компанија Clever Tech, сопственик на Clever Taxi апликацијата.
Деталите од трансакцијата не се откриени, но компаниите соопштија дека договорена е осумцифрена сума, пишува Romania Insider.
Романските бизнисмени Михај Ротару и Алекс Думитри ја отворија Clever Taxi компанијата и станаа лидери на пазарот со нивната апликација. Компанијата има регистрирано повеќе од 40 милиони резервации во 20 градови низ целата земја, 600.000 корисници и 17.000 регистрирани возачи.
Со оваа аквизиција, Mytaxi го зајакнува присуството на меѓународниот пазар.
Mytaxi беше развиена од страна на старт – ап компанијата Intelligent Apps во 2009 година. Во 2012 година Daimler зеде удел од компанијата, а во 2014 година стана сопственик на Mytaxi, која има над 120.000 регистрирани возачи. Апликацијата е достапна во 70 градови низ 11 европски земји (Германија, Австрија, Полска, Шпанија, Италија, Португалија, Велика Британија, Ирска, Шведска, Грција и сега Романија).