Руски милијардер го купи најголемиот британски ланец за здрава храна

54

zdravje

Фото: Holland & Barrett

Рускиот милијардер Михаил Фридман, сопственик на инвестицискиот фонд L1 Retail, го купи британскиот ланец на продавници за здрава храна Holland & Barrett, пишува Financial Times.

L1 Retail ќе плати 1,8 милијарди фунти за да го преземе Holland & Barrett од американскиот приватен фонд Carlyle кој е сопственик од 2010 година.

Holand & Baret е еден од најголемите европски ланци за здрава храна со повеќе од 1.150 продажни места и 4.200 вработени.