Финансиското решение на Kuehne + Nagel ја доби Adam Smith 2017 наградата

64

kn-1-580x368

Фото: Kuehne + Nagel

На церемонија што се одржа во Лондон минатата недела, Treasury Today Group ја препозна целосно интегрираната платформа за плаќање фактури на Kuehne + Nagel како победник во категоријата Best Trade / Supply Chain Finance Solution, стои во соопштението.

Решението на Kuehne + Nagel им овозможува на добавувачите да ги подигнат електронските фактури онлајн и да им биде платено во рок од неколку дена откако ќе се регистрираат во програмата за купување на побарувања. Со учество во програмата, добавувачите можат значително да го скратат циклусот на конверзија на парите. Платформата им овозможува на добавувачите да го следат статусот на нивната фактура, како и да ги поврзат сите детали од предвременото плаќање во нивниот сметководствен систем.

Роџер Сатер, благајник во групата Kuehne + Nagel изјави: “Заедно со нашиот партнер за е-фактури Tradeshift и нашата релација со банката Citi, развивме целосно интергирана и беспрекорна фактура-до-пари платформа. Надополнета е услуга за забрзување на исплатата на добавувачите во форма на опција за купување на побарувањата.”

Од Treasury Today велат: “Нашата одлука да го наградиме решението на Kuehne + Nagel беше засновано на комбинација од неколку фактори, како сегашната географска опфатеност на 11 европски земји, како и Канада, Мексико и САД, со планови за глобално проширување; ефикасно решение за предвремено плаќање комбинирајќи го банкарскиот партнер Citi со платформата Tradeshift, користејќи го решението за е-фактурирање; ERP можности за интеграција, ситуација која е победничка за сите страни.”

Маркус Бланка – Граф, извршен финансиски директор на Kuehne + Nagel International AG изјави: “Во соработка со нашите клучни партнери, решението на Kuehne + Nagel значително го подобрува циклусот на парите на добавувачите и им овозможува ефикасно процесирањепреку една платформа.”

Adam Smith наградите се сметаат за највисоки глобални награди за достигнувања во корпоративните благајни. Во 2016 година, Kuehne + Nagel беше награден со севкупен победник во категоријата Best SWIFT Solution за својот внатрешно развиен глобален интерфејс за поврзување со банките на компанијата низ целиот свет преку еден канал, еден формат, еден безбедносен модул и една безбедносна политика.

Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на https://home.kuehne-nagel.com/.