Subway се враќа во Словенија

43

SubwayЛанецот ресторани за брза храна Subway се враќа во Словенија. Пред крајот на јуни планирано е да се отвори ресторан во центарот на Љубљана. Локалот ќе работи како франшиза, што значи дека се работи за инвестирање на словенечки капитал.

Корисникот на франшизата Изток Левац планира да отвори уште еден ресторан во Љубљана. Како што соопштуваат од Subway Љубљана, зеленчукот ќе се набавува од локални добавувачи, додека другите продукти ќе се увезуваат од Берлин.

Во Словенија веќе беше отворен еден ресторан од овој американски ланец, но плановите за отварање на вториот не се остварија. По некое време се затвори и првиот.

Subway има 39.100 ресторани во 101 земја ширум светот, во кои секоја минута се служат 2.800 салати и сендвичи.