Фото: Facebook
Rubico е паметен приврзок на стартапот Amplius еlectronics од Мостар, пишува Akta.ba.
Станува збор за приврзок што служи како полнач за мобилен телефон, има меморија како USB, како и NFC tag (near field communication) што може да се употреби за повеќе функции. Со приврзокот е поврзана апликација, којашто на корисникот му овозможува пренос на податоци од мобилниот уред на Rubico, следење на состојбата околу количината на слободна меморија на приврзокот, како и можност за снимање видеа и фотографии што директно ќе се складираат во неговата меморија.
Тимот на Amplius electronics го сочинуваат млади студенти по машинство и информатика од Мостар.
Rubico се најде на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo, каде е планира за еден месец да собере 30.000 долари.