Инженери од Formula1 направија носилка за болни бебиња

44

5Фото: Babypod 20

Тим инженери од Williams Formula 1 дизајнираа носилка за болни новороденчиња. Секоја година тимот од Williams троши 114 милиони евра за иновации, трудејќи се болидите да се движат побрзо. Но, материјалите коишто се користат за болидите на Формула 1 сега се искористени да се произведе транспортно средство за бебе, пишува BBC.

Babypod 20 е лесна кутија со лизгачки проѕирен капак и меко обложена внатрешност. Замислена е за транспорт на тешко болни бебиња со лично возило, брза помош или хеликоптер. Кутијата изгледа едноставно, но е резултат на интензивен развој. Направена е од јаглеродни влакна од кои се прават возилата на Формула 1.

Пренесувањето на болни новороденчиња од едно место на друго може да биде многу тешко, а честопати неопходно е одржување на постојана температура и заштита од вибрации и бучава. За оваа намена се користат инкубатори, но тие се тешки и бараат снабдување со струја и посебно возило за транспорт.

Babypod 20 на почетокот е развиен како лесна и практична варијанта на инкубатор, а потоа се изработи понапредна верзија и тежи девет килограми. Лондонската болница Great Ormond Street Hospital веќе ја користи носилката за транспорт, а оперативниот менаџер на болницата вели дека се воодушевени од носилката којашто чини 5.000 фунти.