ЗК Пелагонија купува 100% удел во Здравје Радово за 12,6 милиони евра

45

zk-pelagonija

Собранието на акционери на Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола донесе одлука за одобрување зделка со заинтересирана страна.

Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна којашто, како што стои во одлуката, претставува купување од страна на Пелагонија на удели што претставуваат 100% од основната главнина на друштвото за производство Млекара Здравје Радово.

Продавачи на уделите, како што се наведува подолу во одлуката, се: ГТД Бетон од Штип што поседува 49% од основната главнина на Здравје Радово; Орка Холдинг чиј удел е 34% од главнината на млекарата и Цветан Панделески со удел од 17%.

Вкупната купопродажна цена што Пелагонија ќе ја плати за да стекне 100% од основната главнина на Здравје Радово е 12.630.000 евра.

Вредноста на одобрената зделка претставува 19,97% од активата на имотот на ЗК Пелагонија определена во последните ревидирани финансиски извештаи на компанијата.