Илустрација: Pixabay
Компанијата DJI е препознатлива по висококвалитетни дронови, а последниот модел е DJI Spark, којшто може да се управува преку гестикулации со раце, пишува The Paladin.
Во овој дрон, што тежи само 300 грама, има таканаречена gesture mode, што може да ги детектира потезите на рацете со чија помош се движи. На корисникот на располагање му стои и класичен далечински управувач којшто може да се поврзе со мобилен уред преку Wi Fi и да работи на домет од 100 метри.
DJI Spark со едно полнење на батеријата во воздух може да се задржи до 16 минути.