Украинското дизајнерско студио Hochu Rayu осмисли уред во форма на кацига кој благодарение на системот за апсорбција на звук, на корисникот му овозможува да се сконцентрира во бучна канцеларија или во “океан” канцеларија.
Кога ви е потребна концентрација, со оваа кацига на главата можете да се исклучите од околината, но ќе можете активно да учествувате во случувањата во канцеларијата.
Надворешноста на кацигата е изработена од стаклени влакна, а внатрешноста е исполнета со ткаенина и пена. Helmfon е опремен со системска табла, микрофон, звучници, батерија, зголемувач и посебно место за паметниот телефон. Овозможува да гледате филмови, видеа, да организирате Skype конференции, да одговарате или да остварувате повици, да гледате или уредувате фотографии или да додавате некои лични функции, без да и пречите на околината, затоа што е целосно изолирана и тој до вас не може ништо да слушне.
Оваа кацига ја има во повеќе бои, а може да се направи и по нарачка, во облик на омилениот суперхерој.
Фото: Hochu Rayu