Фото: Kuehne + Nagel
Светскиот производител на храна Nestlé и Kuehne + Nagel, една од водечките светски логистички компании, влегуваат во интензивно партнерство во Холандија. Во текот на следните пет години, сите производи од Nestlé – Холандија ќе бидат складирани, транспортирани и испорачани од Kuehne + Nagel.
Од 2018 година, во новиот дистрибутивен центар на Kuehne + Nagel во холандскиот град Вегел ќе бидат складирани сите чоколади, кафе и кулинарски производи од Nestlé – Холандија, како и храна за домашни миленичиња и за бебиња. Kuehne + Nagel ќе биде одговорен за сите логистички текови на Nestlé Холандија и ќе ги нуди сите логистички услуги што ги бараат клиентите на производителот на храна, вклучувајќи складирање и дистрибуција.
Kuehne + Nagel веќе ги доставува сите интернет нарачки на потрошувачите за брендовите на Nestlé – Nespresso, NESCAFÉ Dolce Gusto и Special-T. Над 15 години, давателот на логистички услуги, тесно соработува со одделот Nestlé International Travel Retail (NITR).
“Индустријата за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG, Fast – moving consumer goods) е од стратешко значење за Kuehne + Nagel. Затоа сме многу среќни што влегуваме во долгорочно партнерство со Nestlé – Холандија. Nestlé – Холандија сака да има единствен партнер за сите свои дистрибутивни канали. Овој “Омни канал” пристап, во кој сите логистички текови се управувани централно, се здобива со значење во FMCG индустријата. Ја докажавме нашата способност за сигурно и ефикасно работење на сите канали од ист логистички концепт и брзо да ги предвидиме промените. На тој начин можеме да му обезбедиме на Nestlé – Холандија вистинско 2 of 2 логистичко решение”, вели Дидерик де Фрот, управен директор на Kuehne + Nagel Холандија.
Целта на Nestlé е да има нула еколошко оперативно влијание до 2030 година. Kuehne + Nagel Холандија има преземено различни мерки за намалување на емисиите на CO2, како што се поставување на соларни панели на покривите на дистрибутивните центри, сертификација по ISO 14001 и камиони на LNG (течен природен гас). Дополнително, неколку локации се BREEAM сертифицирани (официјална проценка за одржлив недвижен имот). Сите овие аспекти, исто така, ќе бидат застапени во новиот дистрибутивен центар од 50.000 м2, кој ќе се гради во три фази. Од почетокот на 2018 година, Nestlé – Холандија во овој центар ќе има сопствен Кампус за храна.
Kuehne + Nagel и Nestlé се стратешки партнер на глобално ниво во поморски транспорт, авионски превоз, логистика на договори и услуги на копно.