Maptic – систем за навигација за лица со оштетен вид

62

alka

Фото: Emilios

Студент од Универзитетот Brunel од Лондон, Емилиос Фарингтон Арнас направи систем за навигација за лица со оштетен вид интегриран во колекција накит којашто вибрира и им помага на лицата со оштетен вид да се движат.

Арнас преку сетот им нуди поголема независност на лицата со оштетен вид давајќи им побезбеден начин да се движат од едно место на друго, пишува Dezeen.

Сетот Maptic содржи визуелен сензор којшто може да се носи како ѓердан, алка или да се закачи на облеката. Сензорот се поврзува со гласовно контролирана iPhone апликација и користи GPS за насочување на корисникот преку вибрации на левата или десната страна на телото.

“За лицата со оштетен вид зачувувањето на независноста во секојдневниот живот е важно. Извршувањето на секојдневните задачи може да биде напорно и одзема многу време“, вели дизајнерот.

Врз основа на неговото истражување, Арнас верува дека ова е најверодостојна форма на давање инструкции, а корисникот не мора да носи слушалки за слушање на насоки како другите системи на пазарот.