Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денес во Битола и Ресен, ќе зборува на ИПАРД форумите Нови измени во ИПАРД Програмата – подобри можности за користење на европските фондови.
Како дел од ИПАРД измените, предвидени се купувањето механизација, модернизирањето фарми, млекарници, пластеници и оранжерии, обновувањето на преработувачките капацитети, како и градењето и реновирањето на објектите за рурален туризам со средствата од европските претпристапни фондови.
ИПАРД измените, кои овозможуваат малите и средните претпријатија да конкурираат за претпристапните средства, ќе стартуваат со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава.