Макпетрол во првите шест месеци работеше со добивка од 114,7 милиони денари

38

makpetrol-1-580x439

Нафтената компанија Макпетрол во првото полугодие од оваа година оствари добивка од 114.711.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни лани, добивката беше на ниво од 109.275.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првата половина од годината изнесуваа 8.483.229.000 денари. На домашен пазар се реализирани 8.142.314.000 денари, додека на странски пазари има вредност од 340.915.000 денари.