Фабрика Карпош со 17,3 милиони денари добивка за шест месеци

58

fabrika-karpos

Фабрика Карпош, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 17.300.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше добивка од 25.488.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2017 година изнесуваа 255.664.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 320.847.000 денари.

Фабрика Карпош е компанија за проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.