Благој Ѓорев од Велес за шест месеци прокнижи загуба од 8,3 милиони денари

55

blagoj-gorev-123

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, оствари загуба од 8.356.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Загубата на компанијата, истиот период лани, изнесуваше 9.205.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од годинава изнесуваа 272.901.000 денари. На домашен пазар реализирани се 248.734.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 24.167.000 денари.