Фото:Pixabay
Кинески научници открија метод преку којшто може да се направат батерии без опасни хемикалии коишто како електролит користат солен раствор. Во научниот труд неколку научници од Универзитетот во Шангај го претставија своето решение за создавање на безбедна флексибилна батерија (којашто се користи во уреди што се носат).
За разлика од традиционалните батерии коишто користат опасни, корозивни и токсични хемикалии, овие батерии користат солен раствор.
Батериите се полнат со воден раствор каде натриумот игра улога на електролит. Натриум сулфат или натриум хлорид може да се користат како електролит во батериите, а со оглед на тоа што потта и солзите кај луѓето содржат сол и тие би можеле да се користат за добивање на електрична енергија. Ова решение овозможува и изработка на флексибилни батерии кои може да се виткаат и стотина пати без да истече течноста. Уредите кои би користеле вакви батерии ќе може да се вградат во човечкото тело како импланти.