Макпетрол прокнижи добивка од 118,2 милиони денари во првите шест месеци

40

makpetrol

Макпетрол во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 118.276.000 денари, покажува консолидираниот неревидиран биланс на успех.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше добивка од 93.556.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти јуни 2017 година имаа вредност од 8.562.753.000 денари. На домашен пазар се остварени приходи во висина од 8.216.634.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 346.119.000 денари.