Француски Total го купува дански Maersk во трансакција вредна 7,45 милијарди долари

42

total-facebook

Фото: Facebook

Францускиот енергетски гигант Total ја купува данската компанија Maersk Oil, во трансакција вредна 7,45 милијарди долари, од којашто Total очекува зајакнување на операциите во Северното море, пишува Reuters.

Данската компанија Maersk го продава својот бизнис со нафта за да може да се фокусира на други активности, како што е бродскиот сегмент. Maersk, според договореното, ќе добие 4,95 милијарди долари во акции од Total, а француската компанија ќе преземе 2,5 милијарди долари долг од Maersk.

Со оваа трансакција, Total ќе стане вториот најголем оператор во Северното море, заедно со Велика Британија, Норвешка и Данска.