Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје првото полугодие од 2017 година го заврши со загуба од 12.111.000 денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
“Загубата во првото полугодие во 2017 година во споредба со истиот временски период од 2016 година се должи на раскинување на договорот за поголем дел од ортопедските и другите помагала со Фондот за здравствено осигурување на Македонија“, стои во Образложението за остварените резултати.
Во периодот јануари – јуни 2016 година, компанијата прикажа добивка од 7.015.000 денари.
Заклучно со 30-ти јуни, вкупните приходи од продажба достигнаа ниво од 52.974.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 112.270.000 денари,