УТТ Македонија прокнижи добивка од 1,1 милиони денари за шест месеци.

80

utt-makedonija

Угостителската компанија УТТ Македонија во периодот јануари – јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.184.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше загуба од 969.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 34.701.000 денари, додека една година претходно тие изнесуваа 32.140.000 денари.

Основна дејност на компанијата е давање на угостителски услуги и услуги за сместување на домашни и странски гости, во чиј состав влегуваат хотелите Епинал и Широк сокак.