Интернешнел хотелс првото полугодие го заокружи со загуба од 4,5 милиони денари

40

kontinental-580x377

Интернешнел хотелс, во период од први јануари до 30-ти јуни 2017 година, прикажа загуба од 4.555.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Во шесте месеци од 2017 година се остварени помали резултати споредбено со истиот период во претходната година, како резултат на намален обем на работа. Со оглед на тоа дека основната дејност на компанијата е хотелско угостителска дејност, остварени се вкупно 12.532 ноќевања, што е за 29,81% помалку споредбено со 2016 година“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 5.663.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, достигнаа 41.392.000 денари.

Компанијата раководи со хотел Континентал во Скопје и има капацитет од 194 соби и шест апартмани.