Европа првото полугодие го заврши со добивка од 9,1 милиони денари

61

evropa-ad

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 9.189.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првото полугодие од 2016 година, компанијата оствари добивка во висина од 5.483.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во првите шест месеци од 2017 година, беа на ниво од 341.485.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 138.728.000 денари, а поголемиот дел од 202.757.000 денари е реализиран на пазари во странство.