Добивка од 2,4 милиони денари за Топлификација во првото полугодие

36

toplifikacija

Топлификација во првото полугодие од 2017 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.480.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 1.123.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, беа на ниво од 49.020.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 50.026.000 денари.