Централна кооперативна банка за шест месеци евидентираше загуба од 4,3 милиони денари

85

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка во текот на првото полугодие од 2017 година прикажа загуба од 4.320.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, банката оствари загуба во износ од 21.777.000 денари.

“Каматните приходи го задржуваат највисокото учество од 70% во вкупните приходи на банката и бележат пораст од 5,90% во однос на истиот период од минатата година. Иако има значителен пораст на расходите за камата од 14,08%, сепак банката одржа зголемување на нето приходите од камата за 2,33% што позитивно се одрази врз резултатот за второто тримесечје. Подобрувањето на резултатите во овој сегмент од работењето се должи на континуираната понуда на конкурентни производи што влијае и врз значително зголемување на кредитното портфолио на банката во однос на минатата година“, стои во Освртот кон работењето на банката.

Нето приходите од провизии и надоместоци, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 46.735.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 36.106.000 денари.