Трговски дефицит од над една милијарда евра во периодот јануари – јули

67

evra-kasicka-i-digitron-pixabay

Фото: Pixabay

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули оваа година, изнесува 1.001.606.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јули 2017 година, изнесува 2.781.134.000 евра и бележи пораст од 13,8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.782.740.000 евра, што е за 10,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2017, изнесува 73,5%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – јули 2017 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.