Градежната компанија Бетон од Скопје во првите шест месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 31.690.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие од минатата година, градежната компанија оствари добивка од 45.330.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, беа на ниво од 720.084.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 866.083.000 денари.
Основна дејност на компанијата се: истражување, проектирање, изградба и надзор на станбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни објекти.