iEAT уред што дава информации за алергени во храна

45

food-624600_960_720

Фото: Pixabay

iEAT е нов уред создаден на медицинскиот факултет во Харвард што дава информации за алергените во храната, пишува TechCrunch.

Корисникот треба само да стави залче храна на “уредот за екстракција на антигени” односно лентата за еднократна употреба што ја прави неопходната хемиска деконструкција. Тоа се поврзува со самиот iEAT уред којшто е толку мал и лесен што може да се носи како приврзок на клучеви и ја содржи потребната електроника за анализа на примероци од храна.

За десетина минути уредот информира дали во примерокот се присутни алергени и во колкава количина. Засега iEAT може да детектира кикиритки, лешници, пченица, млеко и јајца, но лесно може да се програмира за да наоѓа и останати алергени како школки, пестициди и слично.

Креаторите го тестираа уредот во неколку ресторани и пронајдоа глутен во салата што требаше да биде безглутенска и траги од јајце во пиво.

Цената на iEAT се очекува да биде 40 долари.