За Идевелоп првото полугодие заврши со загуба од 1,5 милиони денари

18

idevelop

За компанијата Идевелоп првото полугодие од оваа година заврши со загуба од 1.528.000 денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни лани, компанијата евидентираше загуба од 5.886.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, изнесуваат 133.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 2.016.000 денари.

Основна дејност на Идевелоп се останати услуги во врска со информатичка технологија и компјутери.